Monday, May 12, 2014

Икона на стилот-Мирослава Дума

                         

         Мирослава Дума-моден камелеон

Мирослава Дума е родена 1985 година во Москва.Taa e Магистер по МБА(меѓународен бизнис и администрација). Од 2007 до 2009 година работи како уредник во Harper’s Bazaar. Својата работа ја продолжува во различни издавачки куќи вклучувајќи ги Axel Springer Russia и Conde Nast . Во 2007 година Мирослава основа добротворна фондација "Peace Planet’ . Културно- добротворниот фонд е основан за да се поттикнат значајни општествени  проекти во областа на културата и образованието. Интересите на  фондот се насочени кон организирање на изложби, конференции, театарски претстави, оперски претстави, уметнички активности, како и кон литературни дела и изведувачки уметности .

Во 2011 година започна со работа нејзиниот интернет сајт Buro 24/7. Во 2012 година, под нејзино раководство се лансирани хрватски и украински верзии на Buro 24/7. Однеодамна, Мирослава ја спои својата главена окупација Модата со работата како медиумски директор во  TSUM Москва .

Таа е карилца на уличниот стил,муза на светските блогери и успешна мајка. 

Топ 5 модни комбинации на Мирослава Дума за пролет / лето 2014








No comments:

Post a Comment